Бизнисменот Сеад Кочан вчера попладне е примен на Клиниката за кардиологија, дознава Макфакс од сигурни извори во Клиниката. Истите извори потврдуваат дека Кочан има сменет имиџ и носи брада, а дошол заедно со сопругата.
Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, со уште четворица врховни судии од Кривичниот совет во петокот одлучија му се укине притворот на осомничениот Кочан. Тој два месеца и шест дена беше во бегство и недостапен на истрагата што ја поведе против него Специјалното јавно обвинителство, но неговата одбрана тврди дека тој не требало да се води како избеган, туку дека е бизнисмен на службен пат.
За укинувањето на притворот денеска реакција најавија од Специјалното јавно обвинителство.
OhridNews
извор Макфакс