Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2014 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0,7%, објави
Државниот завод за статистика.
Индексот на цените на угостителските услуги во ноември 2014 година, во споредба со октомври 2014 година, останале на исто ниво, a споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Ноќевања за 0,1%.
Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- ноември 2014 година, во однос на истиот период од минатата година, е намален за 0,7%, додека во однос на декември 2013 година е зголемен за 0,4%.
OhridNews