Благоја Спиркоски е нов играч на ГФК Охрид Лихнидос. Спиркоски доаѓа од редовите на Кожуф и за нас претставува капитално засилување во борбата за прва лига, велат од клубот.

Благоја настапува на позициите од средината на теренот. Во својата кариера има околу 150 настапи во Првата фудбалска лига. Покрај екипата на Кожуф настапуваше за екипите на Победа, Македонија Ѓорче Петров, Пелистер, Гостивар и Тиквеш, посочуваат пд ГФК Охрид.

Воедно, информираат дека клубот ги продолжи договорите со сите досегашни играчи, а во наредниот период ќе бидат претставени уште две засилувања.

OhridNews