Во понеделник во Охрид, се очекува благо опаѓање на температурите на воздухот до 24 степени, а можни се и повремени врнежи од дожд.
Од вторник следува стабилизирање и претежно сончево време. Максималните температури од вторник до петок ќе бидат од 23 до 26 степени, а минималната од 11 до 13.
Наредниот викенд се очекува сончево и топло време и повторно покачување на температурите и температури од 28 до 34 степени.
OhridNews












