Детската градинка ,,Јасна Ристеска,,- Охрид во објектот-детска градинка ,,Развигорче,, организира средба на пензионораните колеги и колешки.

Децата од детската градинка со својот настап, ги разбудија емоциите кај пензионерите  и ги вратија во миговите кога тие работеа токму во оваа установа можеби со родителите на децата кои настапуваа. Во знак на благодарност за нивниот долгогодишен придонес во дејноста на предучилишната установа им беа поделени благодарници.

Се евоцираа спомени, капна и по некоја солза –можеби за изминатото време, но можеби и од возбуда  која не можеше да се скрие на нивните лица.