По повод одбележувањето на 7- ми ноември, Денот на ослободувањето на Охрид, вчеравечер во Основното музичко училиште “Методиј Патче” се одржа традиционалниот празничен концерт, на кој настапија ученици од сите години кои  изведоа дела од познати композитори.

Како посебни гости на концертот, присуствува членовите на Ротаракт Клубот од Охрид, кои пред почетокот на учебната година извршија бојадисување и чистење на фасадата на училиштето од неадекватните написи, по што ѕидовите беа украсени со графити од страна на ангажираниот уметник Славко Бачевски и неколку волонтери.


По тој повод на претседателот на клубот Драги Здравески и на останатите  кои учествуваа во реализацијата на проектот, од страна на директорката на училиштето Нина Момировска и претседателката на советот на родители Анета Јованоска, синоќа, им беа доделени благодарници за успешно реализираниот проект.


OhridNews