Дирекцијата на фестивалот „ Охридско лето “ испрати писмена благодарност до градоначалникот Александар Петрески за неговиот и придонесот на локалната самоуправа во успешното организирање на најпрестижната културна манифестација во Република Македонија.
– Ви изразуваме благодарност за соработката и професионалниот однос со кои само ја потврдивте и збогативте големината на фестивалот, кој изминативе 52 години е на врвот на светската уметничка сцена, стои во писмото од фестивалот „ Охридско лето“ .












