Дирекцијата на фестивалот „ Охридско лето “  испрати писмена благодарност до градоначалникот Александар Петрески за неговиот и придонесот на локалната самоуправа  во успешното организирање на најпрестижната културна манифестација во Република Македонија.

– Ви изразуваме благодарност за  соработката и професионалниот однос  со кои  само ја потврдивте  и збогативте големината на фестивалот, кој изминативе 52 години е на врвот на светската уметничка сцена, стои во писмото од фестивалот „ Охридско лето“ .

OhridNews