Благодарност до Марко Чаласан, Пандев, Манчевски, Четкар…
23.03.10 00:05
Време е за позитивни вести. За нешто убаво. За Чаласан, Четкар, Пандев, Манчевски, Трпчески. Пролетта почна. Водата од езерото се намали. Политичарите и други главни функционери по медиумите си пукаат уште со пушки по муви. Си ги копаат очите за разни теми. Господе златен фала што тие дами и господа не ја симболизират цела Македонија. Шуќур има и други Македонци за кои слушаме позитивни работи.
Ајншајн е роден во Улм, Моцарт во Салцбург, Диего Марадона во Буенос Аирес, Бил Гејтс во Сиетл, Мајкл Џексон во Гари, Тоше во Прилеп. Марко во Скопје. Марко е 9-годишниот Марко Чаласан. Марко ги прави сите Македонци пресреќни и горди. Овој ултра компјутерски талент е најмлад Микрософт-администратор во светот. Фантастично. Каква реклама за сите млади Македончиња. За да знаат и сонуваат и тие дека во Македонија се е можно.
Пред неколку години имаше постери низ Амстердам, со слика од виртуозот Симон Трпчески. Реклама за неговиот концерт во Холандија. Трпчески ако има време приватно си го посетува на света Богородица струшкото село Збажди. Како сите и тој. Си ужива и си ги почитува корените. Во фармерки и блузиче. Во такви моменти сум весел. Дека Македонец, музички мајстор, достигнал музички врв во светот. Некогаш ќе прочиташ дека има изложба, презентација, галерија, претстава, концерти од други македонски уметници. Во Париз, Лондон, Њујорк, Берлин, Москва, Даблин, Торонто, Мадрид, Токио, било каде. Се гордеам дека пишуваат нешто околу нивното потекло.
Искрено не сум ни 50% љубител на џез/функ музика ама ги пратам редовно сите вести и авантури околу Владимир Четкар. Супер. Му посакувам многу среќа и успех. Не сум воопшто љубител на музиката на Елена Ристеска, Каролина, Мартин Вучиќ, групата XXL, Ѓоко Танески. Ама ветувам дека пак и оваa година ќе сум привремено весел дека некој ја претставува Македонија на Евровизија. И ќе се потрошам за смс-гласови.
Филмот „Пред Дождот“. Александер Кирков патува со искршен автобус од 1957 година низ македонска убавина. Во возењето еден селанец опуштено се зеза и разговараат со Александар. Автобусот ќе закочи со галама. Александар пешачи низ неговото село, ќе застане пред родната куќа и ќе си рече: “да ти е ебам стопанката….. Тие зборови. Таа слика, таа сцена, музиката, драмата. Се се совпаѓа во тој момент. Уште ми се ежи кожава. Кратко ама доволно. А десерт сцена е кога Александар во истата куќа ноќе бара цигари. Сценава е украсена со далечна ехо мелодија од „Индекси“. Кај му текна. Фала Милчо Манчевски. За тоа носталгично чувство, таа идентификација. Се гордеам дека е Македонец, познат режисер во филмскиот свет. На CNN, National Geographic, Discovery, често се прикажува туристичкиот спот „Macedonija Timeless“. Иако е малку долг и полн со старовремски сцени. Добар е. Актерски и јако монтирано.
Фудбалерот Горан Пандев во дрес на Интер. Во Лондон, на Стемфорд Бриџ, играше против Челзи во Лигата на шампиони. Пандев. Член на бригадата на контроверзниот топ-тренер Жозé Мурињо. Во такви моменти се гордеам и јас.
Во една академска Холандска болница има македонска очна докторка. Браво. Охридскиот планинар Мишко Танески се искачи на некои врвови околу Монт Еверест. Супер. Во Охрид по гости слушнав дека дедо му од комшијата Гоце работел на времето во Ирак. Тешка градежна работа. Човекот си знајт. Сепак македонска пот во комплицирана држава. Во некој дел од Сиднеј има македонски градоначалник. Македонец со потекло од село Плаќе. Се израдував. Нема врска Македониците по светот што, каде и како работат. Славен или анонимен. Кој како ќе си ја нареди или како ќе му е пишано. Секој работи за себе, со свои идеали, труд, инвестиција. Со свои планови. Некој има волја и ужива да работи, некој не. Секој има дел во нешто. Сите сме вредни. Секој по свој пат.
А нашите политичари од сите партии (нивните тимови, советници) и други одговорни како функционираат стручно во јавноста? Во нивниот кружен тек? Секој го има некогаш тоа чувство. Сакаш да го исклучиш телевизорот, да ја затвориш веб страницата и да не ги читаш, да не ги гледаш и да не ги слушаш. Но сакаш да си сведок. Со морници да ги пратиш. И да се крстиш за подобри времиња. За да направат нешто паметно, добро и вечно како споменатите во писмово.
Не можам повеќе да слушам зборови, ги примам ама не ме допираат Сите тие ветувања се репризи, како стара грамофонска плоча Во едново уше ми влегуваат, од другото брзо излегуваат Грлатите стално сто...
Лицата со попреченост се појавуваат во предизборните ветувања, но исчезнуваат од јавниот фокус штом изборите завршат Во предизборниот период, лицата со попреченост одеднаш стануваат видливи во меди...
Ве повикувам на смела и итна акција за туристичка одржлива трансформација На светскиот ден на туризмот, 27 септември 2025 Антониот Гутереш, Генерален секретан на ООН Светскиот ден на туризмот е сам...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.