
„До крајот на оваа недела Блан и ПСЖ ќе се разделат. Разговараме со директорите и засега се оди во најдобар ред“, изјавил Бернес за француското радио, пренесува „Макфакс“.
ПСЖ по палката на Блан во изминатите две сезони освои две „тројни круни“ во домашниот шампионат, но во Лигата на шампионите не стигна подалеку од четвртфиналето.
Француските медиуми шпекулираат дека Блан заминува бидејќи претседателот на клубот сезоната ја оценил како неуспешна.
OhridNews











