Нниту Франција на Лоран Блан не успеа да најде против игра за актуелните светски и европски прваци Шпанија, кои полесно од очекувањата со 2-0 ги замолкнаа “галските петли“.


Сигурно дека кога ќе загубите еден меч нешто недостигало. Не знам дали беше недостиг на амбиција, течнички потфрливме, но мислам дека фудбалерите го дадоа максимумот. Кога ќе играте против Шпанија е неверојатно тешко го знаевме тоа – рече Блан.

Сите параметри беа на страната на луѓето на Дел Боске. Поседот на топка 55-45, удари во рамките на голот 5-1, удари од аголот 7-3.

Она што навистина жалам е тоа што тие дадоа гол од првата шанса што ја имаа. Имаа посед на топка но не направија многу шанси. На жалост за нас нивната прва беше вистинската. Сметам дека доколку заминевме на полувреме со 0-0 мојот тим ќе имаше поголем морал за игра – завршува Блан.