Блат : “Македонија игра фантастично на овој турнир“
13.09.11 12:21
Американскиот тренер, кој со руската репрезентација го освои европското злато во 2007 година, не штедеше пофални зборови за играта на нашата селекција, не само на денешниот натпревар, туку на целиот турнир.
Русија денеска ја победи Македонија со 63-61, но Блат е свесен дека неговата репрезентација, која во мечот влезе со апсолутната фаворитска улога, беше во голем дел надиграна. Составот на Марин Докузовски одигра перфектно, особено во одбраната, максимално искористувајќи го капацитетот на сите расположливи сили. На прес-конференцијата по средбата, трофејниот тренер речиси и да не зборуваше за Русија, или за неговиот следен противник Србија. Целата прес-конференција ја посвети на Македонија…
„Прво, сакам да му честитам на тренерот (Марин Докузовски), не само за денешниот перформанс, туку за настапот на целиот турнир. Нема да го наречам ова изненадување на турнирот затоа што Македонија има одличен тренер, добри и паметни играчи кои заедно делуваат многу моќно и играат фантастичен турнир. Сакам да им ја дадам на сите заедно целата заслуга на светот, затоа што тие ја заслужуваат. Тие се навистина сериозен тим“, вели Блат во првото обраќање до медиумите.
„Бевме буквално приморани да го извлечеме апсолутниот максимум од секој играч и од секоја ситуација за да победиме на натпреварот. Нема да кажам дека ние игравме лошо, затоа што тие, со нивната добра игра, не натераа да играме лошо. Не сакам да им одземам ништо од заслугата, имавме тежок натпревар затоа што тие се тешки противници. Морам да им честитам на моите играчи кои ментално не попуштија како многу други. Неколку тимови на ова првенство се откажуваа од борбата, затоа што Македонија буквално ги убиваше со упорноста. На тој начин, Македонија успеваше да победува многу посилни екипи од нив со по 15 поени разлика… Затоа што играат паметно, со вистински играчи на вистинска задача во вистински момент и навистина е тешко да се победат. Голема заслуга би сакал да дадам и до нивниот капитен (Перо Антиќ) кој е голем лидер и одличен организатор“, продолжи Блат.
По завршувањето на прес-конференцијата, Блат лично честиташе за добриот настап. Руските медиуми, слично како Дејвид Блат, потенцираат на силата на Македонија. Еден од попознатите, „Спорт-експрес“, вели: „Нашата репрезентација се судри со Македонците, кои се повредени, исцрпени и едвај победи! Дури и да ги загубат сите наредни натпревари со 50 разлика, тие се херои!“
Мислам дека ќе биде многу тежок натпревар сите ја знаеме големината на Вардар, но ние работиме, анализираме, се подготвуваме, вели голманот на ГРК Охрид, Бојан Блажески Се надевам на уште еден пози...
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.