За една земја, која претендира да стане дел од демократското цивилизирано семејство недозволиво е на партиски прозивки, испратени директно од еден изборен штаб до онај на политичкиот противник, да одговараат директорите на институции. Ова е само еден непобитен доказ за нашата преполитизираност и зависност на раководниот кадар на институциите од Владата, кои не само што имаат за задача да ги спроведуваат погубните политики, туку и мора да ги бранат со изјави, рече на денешната прес конференција портпаролот на Сојузот за иднината, Дејан Блажески, во врска со реакциите кои следуваа по прес- конференцијата на сојузот на која се говореше за културното наследство и охридската библиотека .

– Ваквото однесување, односно директното вклучување на директорите на институциите во избори, без при тоа да бидат директно прозвани, зборува за нашата недораснатост како демократија и е неоспорен доказ дека го допревме политичкото дно. Долгот на ваквото однесување го плаќаат граѓаните и институциите во кои работат надлежните, изјави Блажески.

Тој уште еднаш упати повик за јавно соочување на кандидатот за градоначалник Александар Петрески со кандидатот за градоначалник д- р Никола Бакрачески,  носителот на листата на коалицијата За подобра Македонија, д- р Јованка Точко со носителот на листата на Сојузот за иднината Проф. Д-р Јован Стојаноски и портпаролот на ДПМНЕ со портпаролот на Сојузот за иднината Дејан Блажески.

Како што рече Блажески, со цел граѓаните да може објективно да дознаат кој и за што е надлежен, какви дела и прецепции има за иднината на градот.

OhridNews