Пред ГРК Охрид е згуснат распоред на натпревари во февруари. Освен обврските во домашното првенство, „гладијаторите“ ги очекува и двомечот од 1/8 финалето од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Pрага. Серијата натпревари Охрид ја отвора со Куманово во вторник на гости.

Бојан Блажески – ГРК Охрид. Фото: Анамарија Момироска I OhridNews

Овој период не очекува „набиен“ распоред. Нашиот фокус е секогаш да одиграме максимално на секој меч особено во овој период во кој имаме и нови играчи кои треба да се привикнат на нашиот систем. Ни следува Куманово каде секој натпревар имаат подршка од домашната публика. Ние се подготвуваме, анализираме и одиме да ја продолжиме серијата одлични резултати, изјави чуварот на мрежата на Охрид Бојан Блажески.

Натпреварот Куманово – Охрид во вторник се игра во 19 часот.

G.M.