Во рамки на 8-то коло од ракометната Супер лига ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Еурофарм Пелистер 2.

Ни следи натпревар со екипата на Еурофарм Пелистер 2. Фаворитската улога мораме да ја оправдаме на терен и да оствариме нова победа во домашното првенство, изјави голманот на ГРК Охрид Бојан Блажески.

Натпреварот се игра со почеток во 19 часот во салата „Билјанини извори“.

OhridNews