Блажески: Реагирајте јас ако сум направил злоупотреби, роднините и пријателите оставете ги
11.07.13 00:16
Како претседател на ООД ЛДП –Охрид, имам морална обврска да ви одговорам на вашата реакција и искажаните навреди кон како што вие го нарекувате минорното членството на ЛДП –Охрид, стои во реакцијата на претседателот на ООД ЛДП –Охрид, Дејан Блажевски, на изнесените ставови во соопштението на Оддлението за јавност при општина Охрид во врска со критиките на експозето на градоначалникот Никола Бакрачески по повод 100 дена од мандатот.
-Ни еден човек не е минорен, затоа следениот пат внимавајте на изразувањето. Насловот на текстот го извлекле медиумите, односно секој онака како што го доживеал. Ако имавте доблест да го прочитате до крај, што во суштина е ваша работа ќе сфатевте дека ЛДП по повод сто дена нуди предлог проекти место да критикува. Тоа го правевме во континуитет овие изминати сто дена дена односно критикувавме кога имаше потреба и поддржуваме кога мислевме дека тоа е од добобит за градот. Без оглед на се, не можете да кажете дека овие сто дена не ги обележаа повеќе пресови за минатото отколку за иднината, постојано зборувајќи за долгови кои беа објавени и пред изборите и нешто што граѓаните на избори го казнија.-стои во реакцијата.
Според Блажески авторот на општинската реакција не треба да се однесува како судија и да кажува дали некој од минорните членови од ЛДП работел или не работел, ниту пак да обвинува за формата на работниот однос.
-Сакам да ве потсетам дека можеби вие и некој од вашите колеги не успеавте да ги запознаете луѓето од ЛДП што и не ме изненадува ако се има предвид дека цели осум години (можеби или мислам) хиберниравте на работното место. За истото тоа има одговорност и поранешниот Градоначалник кој го толерираше ваквото однесување од поединци, кои денес се наводно станаа најголемите носители на принципи. ЛДП е на страната на принципите и секогаш ќе го осудува секое злоупотребување на позиција и службена должбност, што практично јас, а тоа можете да го проверете во записиците од седниците, не пропуштам да побарам одгворност од поранешното раководство. И, да во право сте, имам морален кредибилите да зборувам за морал и принципи. Кога ќе пронајдете форма во која ЛИЧНО Дејан Блажески направил злоупотреба тогаш реагирајте. Во меѓувреме престанете со написи за роднини, пријатели, кумови и парапријатели.. Ако се има предвид фактот дека никогаш не сум бил на службена позиција, логично е да заклучите дека не сум можел да наравам никаква злоупотреба.-се вели во реакцијата на претседателот на ООД ЛДП –Охрид, Дејан Блажевски.
По седми пат, вечерва (недела), ќе се одржи Меѓународниот хорски фестивал „Гласот на Охрид“, организиран од охридскиот градски хор „Вокс Лихнидос“ Публиката ќе може да ужива во различни музички жан...
Инцидентот се случил утрово во 0435 часот Во водите на Охридското Езеро кај Лагадин, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор го затекналее албанскиот државјанин КС (47) во вр...
Во Охрид денеска ќе преовладува сончево и малку посвежо време со мала локална облачност Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура ќе достигне до 27 степени Слично врем...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.