Покрај атлетичарите последните неколку денови пред Олимписките игри во Охрид на градскиот базен ги минува и нашиот најдобар пливач, Марко Блажески. Тој според претходно утврдената програмата во Охрид ќе се обиде да ја подигине формата за настапот во Лондон.


– Многу сум среќен за оваа можност, благодарение на соработката со луѓето од охридскиот клуб успеавме да одржиме неколку тренинга во пресрет на Олимписките Игри во Лондон. Пресреќен сум, ги бројам деновите до нашето заминување за Лондон, каде ќе го дадам својот максимум за што подобра престава. Мојот настап е еден ден по отварањето на игрите и ќе атакувам на нов државен рекорд. Олимпијадата е како крем на успехот, секој еден спортист од мал има желба да настапи на вака големо натпреварување  и за мене овој сон станува реалност – вели Марко Блажески.


Блажески ќе настапи на трката 400 мешано, а неговиот татко кој е и негов тренер очекува да биде подобрен рекордот на Александар Маленко кој изнесува 4.27.80. Најдоброто време  на Блажески е 4,29,07.

– Конкуренцијата е силна, меѓу 40 пливачи неговото време е 37-мо, така што ние не очекуваме некој шокантни резултати, туку  за нас е најважно тој да го исплива својот најдобар резултат – истканува неговиот ментор.


Подготовките за наредната Олимпијадата треба да започнат со самиот настап во Лондон. Потребен е континуитет на работа од четири години за да може што подобро д с преставиме во Рио 2016 година, а не само месец дена да трае тој процес на работа кога ќе бидат актуелни олимпијците и потоа да потонат во заборав, смета Борче Блажески.

Ohridnews