Од општинската ЛДП сметаат дека одговорните лица во локалната самоуправа се однесуваат крајно неодговорно игнорирајќи ги барањата на советниците да излезат со детали за потпишаниот договор околу поставувањето и функционирањето на лизгалиштето.

Првенствено тврдеа дека договорот е потпишан со австриска фирма, за сега да соопштат дека тоа е охридска фирма. Не сакам да ненесам ниту една сенка на нечиј приватен бизнис, но имам право да барам јавно покажување на договорот, за кој се поврзани бројни шпекулации во јавноста. Кога барате јавно да го извадат договорт и кажувате дека во спротивно ќе поднесете кривича пријава,  добивате закани од секретарот дека ќе поднесе тужба. Јавно го повикувам секретарот да ја процесуира тужбата против мене. Благодарам за објаснувањето на сомнежот кој е потписник на договорот, но зачудува што градоначалникот дозволи да се шпекулира со името на секретарот како потписник на овој договор, рече на денешната прес конференција претседателот на ЛДП Охрид, Дејан Блажески.

Тој додаде дека од страна на секретарот на општината било кажано се, но не и бараните одговори.

Како советник одговорно тврдам дека советот нема изгласано програма за поставување урбана опрема со која е опфатено поставување на лизгалиште. Беа изгласани измени на програмата со кои повторно не беше тоа опфатено. Не знам според кој закон тврдите дека ТЛЕР има право да не објави тендер и прашувам со кое право е избрана оваа фирма, без јавен повик и која е единствениот избор. Зборувате за социјална димензија на лизгалиштето, кое е од комерцијален аспект. ОУ „Христо Узунов“ има 1200 ученици , ако им се овозможи не секое од нив бесплатно да се лизга два дена по еден или два часа, тоа значи дека секое дете ќе биде по неколку секунди на мраз, изјави Блажески.

Тој истакна дека секретарот зборувал за економската оправданост на општината од лизгалиштето, при тоа не откривајќи колку електрична енергија се плаќа месечно за потребите на лизгалиштето, како и колку чинело поставувањето на електричното броило, како и раскопувањето на улиците.

Блажески потенцира дека лично го подржува проектот, но не и нејаснотиите поврзани со него и дека сеуште очекува презентирање на целосната документација како одговор на поставените прашања.

Т.К.