Македонскиот репрезентативец Марко Блажевски на Мундијалот во Катар во дисциплината 200 метри слободно го сруши рекордот на охриѓанецот Александар Маленко стар 20 години.


Блажевски делницата ја мина за една минута, 49 секунд и 8 стотинки и го подобри за повеќе од половина рекордот, кој досега беше сопственост на охридската пливачка гордост.

Новиот државен рекорд на Светското првенство во Катар го смести Блажевски на 48-та позиција од 100 пливачи.

Македонија во името на Горазд Чепишевски има уште еден преставник на Мундијалот, кој во дисциплината 100 метри гбрно го освои 58-то место со нов личен рекорд.

Мх.П.