Еден од двата македонски пливачки преставници на Мундијалот во Катар во затворени базени Марко Блажевски повторно успеа да сруши рекорд на охриѓанецот Александар Маленко.
Блажевски во дисциплината 400 метри мешано го подобри рекордот на Маленко за 6.82 секунди, кој датира од 1995 година поставен во Рио де Жанерио и се пласираше на 25-та позиција од 45 пливачи.
На премиерниот настап на Светското првенство Блажевски успеа да го собори рекордот на Маленко во 200 метри слободно, кој беше стар 20 години.
Мх.П.