Македонската кошаркарска репрезентација ќе учествува во квалификациите за пласман на Евробаскетот 2021 година, откако прва низ целта мина во претквалфиикациите. Македонија на една рунда од крајот во групата го осигура лидерското место пред селекциите на Романија и Косово.
Лесно можеше да се случи место Македонија во квалификациите да учествува Романија, но среќата која обично ги прати храбрите овој пат беше на страната од нашат селекција и покрај лошата престава на гостинскиот терен во Плоешти.
Кошаркарите на Романија ја совладаа нашата репрезентација со 65-53 (15-16, 19-13, 12-10, 19-14), а во последниот напад имаа обид за „вистинска победа“ од 14 или повеќе поени, кој ќе му ја донесеше посакуваната победа и првото место во групата.
Овој меч мора да биде вистинска лекција за нашите кошаркари, кои, во квалификациите каде има далеку поквалитетни ривали од Романија не смеат да имаат падови во играта во текот на целиот натпревар за постигнување на крајната цел, враќање во кошаркарската елита.
OhridNews