Во рамки на проектот “Охрид – Град на Светлината” Лајонс клубот Лихнидос, ја осветли црквата Успение на Пресвета Богородица – Каменско, која се наоѓа во центарот на Охрид над стариот чинар.

Сите туристички разгледи со групите почнуваат или завршуваат кај Чинарот. Неодамна беше осветлена и џамијата на Зејнел Абедин Паша така што овој простор сега е атрактивен за фотографирање за посетителите и навечер. – велат од лајонс клубот „Лихнидос.

Црквата Успение на Пресвета Богородица, позната како Света Богородица Каменско, е изградена во XVII век, а два века подоцна е проширена. Изобилува со прекрасен фрескоживопис и има раскошен резбан иконостас. Црквата била живописана два пати, првиот пат од познатиот и прочуен зограф Дичо Зограф во 1863 година и вторпат во 1924 година.

OhridNews