Доколку не сте биле на одмор во текот на летото, или ви треба кратка пауза од работните обврски, Охрид е вистински избор за вас, им предлага онлајн изданието на српски „Блиц“ на своите читатели.
Во сторијата се наведува дека Охрид е Македонски Св. Стефан, бисер на Македонија и на целиот Балкан, град историја со бројни манастири и духовна колевка.
„За нашите туристи некогаш беше многу популарна, а последниве години се чини, заборавена дестинација. Сепак, се повеќе љубители на патувањата се враќаат на оваа прекрасна локација, па доколку до сега не сте имале можност да ја посетите, сега е вистински момент за тоа. Доколку сте биле во Охрид, ова е идеална можност да се потсетите на убавите моменти и да доживеете други“-пишува „Блиц“.
Во сторијата во која се промовира одмор во Охрид во ноември, во суперлативи се говори за Охридското Езеро, гостопримството на охриѓани и пристапните цени.












