Ракоментниот клуб Охрид за плејоф мечевите во Супер лигата кои го очекуваат на домашен терен во продажба ќе пушти блок билет коj ќе чини 300 денари.


Блок билетот ќе важи за петте мечеви во плејофот кои „гладијаторите“ ќе ги започнат на средината од април месец. Покрај охридскиот клуб во разигрувањето за титулата ќе учествуваат Вардар, Металург, Макс Струмица, Прилеп и веројатно Работнички.

– Бројот на блок билети ќе биде ограничен, а веќе имаме побарувачка од нашите соседни градови. Ние како клуб мора да напомениме дека цената на билетот на билетарата пред мечот ќе биде поскап од вообичаеното. Управата на клубот на ваков популарен потег се одлучи бидејќи во Охрид ќе дојдат екипи од рангот на Вардар, Металург и Макс Струмица кои го преставуваат ракометот надвор од границите на Македонија. – рече Ѓоко Апосоловски спортски директор во ракометниот клуб Охрид.

Цената за билетот за преостанатите два мечеви од регуларниот дел од Супер лигата против Борец и Тинекс Пролет останува непромената 30 денари.

Блок билетите во продажба ќе бидат пуштени од 14 март (понеделник) на билетарата од спортската сала „Билјанини Извори“.

Мх.П.