Од Авто-мото сојузот на Македонија информираат дека сообраќајот на патот Битола-Ресен, кај населба Баир сеуште е блокиран со поставени камења, автомобилски гуми и палење оган на коловозот. Сообраќајот се пренасочува по улиците низ градот.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива по претежно суви коловози на пониските места, додека на повисоките места коловозите се наместа влажни.
OhridNews