Од АМСМ информираат дека сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови по претежно влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на екипите на Македонијапат.

Магистралниот пат А3 Прилеп – Ресен кај населба Баир е блокиран од група граѓани поради немање на електрична енергија.

Патниот правец Македонски Брод – с.Здуње на кој гравитираат 11 села, не е прооден за секаков вид на сообраќај.

OhridNews