Деновиве на вработените во општина Охрид им е блокиран пристапот до социјалните мрежи како Facebook, Twitter и други. Одлуката, како што информираат од Локалната самоуправа била донесена за да се спречи непотребното намалување на брзината и капацитетот на интернет конекцијата, бидејќи сурфањето на социјалните мрежи одземало голем дел од ресурсите.

Пристапот до  интернет  и натаму е дозволен, a  администрацијата непречено може да ги извршува редовните работни задачи и да комуницира преку електронска пошта, велат од Локалната самоуправа.

OhridNews