Охридските кошаркари во четвртфиналната фаза го завршија второто учество во Купот на Македонија. Непреминлива пречка за „галебите“ за пласман во ТОП 4 беше составот на Блокотехна кој триумфираше со 110-88 (35-17, 25-16, 29-34, 21-21).
Кошаркарите на Блокотехна квалитетот го демонстираа во првата и втората четвртина во кои стекнаа предност од 27 поени (60-33). Второто полувреме охриѓани одржуваа резултатски баланс, но негативата од првиот дел остана за конечни 110-88.
Во составот на АВ Охрид се истакна Мартин Јунаковиќ кој уфрли 37 поени, а двоцифрен учинок имаа уште Емир Зимиќ (12п) и Бранко Јанески (11п). Во победничкиот тим Бенџамин Двејн реализираше 18 поени.
После елиминацијата во Купот и немањето шанса за нешто повеќе во Втората АБА лига охриѓани ќе се насочат кон мечевите во Првата лига во која бркаат пласман во плејофот.
OhridNews