Ракометарите на Охрид во 10-то коло од плеј-офот во сабота ја пречекуваат екипата на ГРК Тиквеш. Натпреварот дирекно ќе одлучува за четвртото место кое води во Европа.

Се подготвуваме и ќе дадеме се од себе да победиме и да обезбедиме пласман во Европа и оваа година како што беше и претходната. Ги повикувам Охриѓани во што поголем број да дојдат и да не поддржат, изјави пикерот на ГРК Охрид, Владимир Бојаниќ.

Натпреварот се игра во салата „Билјанини Извори“ со почеток во 20 часот.

Поради важноста на натпреварот кој ГРК Охрид треба да го одигра со екипата на ГРК Тиквеш од клубот информираа дека на натпреварот со РК Алкалоид кој се игра ден претходно на 6 јуни ќе настапат играчите од младинскиот погон на ГРК ОХРИД.

OhridNews