Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација на 2 декември во Гевгелија ќе го одигра против Косово ќе го одигра третиот натпревар во претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2021 година. „Црвено жолтите“ после два одиграни мечеви имаат две победи, а со поддршката од публиката во распродената сала „26 април“ ќе атакуваат на максимален ефект по три рунди.

  • Нема да биде воопшто лесно да се совлада Косово. Можеби полеснителна околност ќе ни биде ако за нив не игра најавениот кошаркар од САД. Но, ние не треба да размислуваме толку за нив, туку за нас. Треба добро да се подготвиме и да атакуваме на посакуваната победа. Лично, играм во добра форма во странство, се надевам дека истото ќе го пренесам и во националниот тим. Сите сплотени, сакаме да дојдеме до победа. – изјави Бојан Трајковски кој игра во унгарскиот клуб Атомеруму.

Македонија во првит меч во Косово славеше триумф, а иста разврска посакува кошаркарот на Работнички, Димитар Караџоски. – Дуелот со Косово е исклучително важен за нас. Многу ќе зависи нивната игра од првиот дуел од овој прозорец со Романија. Можеби противникот да дојде ослабен, затоа што нема да игра со натурализиран кошаркар. Не треба ништо да оставаме на случајност, треба да одиграме како што знаеме и сами да си ја завршиме работата. Кај Косово опасноста ја гледаме кај центарот Шоши, како и Бериша. Треба добро да ги затвориме. Играме во наша сала, во наша држава, реално, се е на наша страна. Треба само да одиграме најдобро што можеме.

Селекторот Јорданчо Давитков одбра проверени сили за дуелот со Косово кој може да биде одлучувачки во фазата по групи. Ако Косово ја победи Романија, а Македонија слави во Гевгелија.

OhridNews