Во голема акција што бугарската полиција ја спроведува во соработка со Европското јавно обвинителство, приведен е поранешниот премиер Бојко Борисов. Веста ја објави неговата партија ГЕРБ, а ја пренесоа и бугарските медиуми.

Тие јавија дека се приведени Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на буџетската комисија Менда Стојанова. Сите се осомничени за корупција.

Никој не е над законот напиша бугарскиот премиер Кирил Петков на Фејсбук како коментар на информацијата за апсењето на поранешниот премиер Бојко Борисов.

Нешто подоцна бугарското Министерство за внатрешни работи ја отстрани веста од својата интернет-страница за апсењето на ли дерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, јав БГНЕС.

Во меѓувреме бугарските медиуми објавија дека се забележани собири на приврзаници на на ГЕРБ. Партискиот врв на партијата се собрал пред домот на Бојко Борисов во градот Банкија во близина на Софија. Десислава Атанасова, која е лидер на пратеничката група на ГЕРБ во Народното собрание на Бугарија, рече дека Бојко Борисов не бил приведен, туку само бил извршен претрес во неговиот дом.

Портпаролката на Основното обвинителство на Бугарија Сијка Милева, пак, потврди дека се работи за истрага за злоупотреба на средства од ЕУ и ги упати бугарските медиуми да се обратат до Европското обвинителство.

Г.М.