Натурализаринот македонец Бо Меkкeјлеб  е втор на листата за постигнати поени во квалификациите за пласман на Евробскетот 2011 во Литванија.


Меккејлеб против Украина со 18 поени беше најдобар стрелец,а претходно на мечевите против БиХ 19, а рекордни 30 постигна на гостувањето против В. Британија. По трите одиграни натпревари има просек од 22,3 поени по натпревар.

Листата на стрелиц ја предводи крилото на Велика Британија и на Чикаго Булс, Луол Денг кој  во пет натпревари има постигнато 112 поени и има просек од 22,4 поени по натпревар .


Меѓу топ 20 стрелци од нашата репрезентација се уште и капитенот Перо Антиќ кој на 5 натпревари има постигнато 77 коша, односно 15,4 по натпревар и Тодор Гечевски кој има реализирано 71 поен односно 14,2 по натпревар.

Листата на скокачи ја предвои британецот Менсу со 64 скока, просечно 12,5 , додека на 20 место со остварени 22 скока, 5,5 по натпревар е Предраг Самарџиски.

М.П.