Фудбалерот на германскиот фудбалски бундеслигаш Шалке, 26-годишниот Кевин-Принц Боатенг бил нападнат по Божикната прослава којашто ја минал со синот и поранешната сопруга, поради што морал да биде прегледан во болница, пишува германскиот весник Der Bild.


Репрезентативецот на Гана во нападот се здобил со полесни повреди на главата на натиснато ребро, а по лекарскиот прегледот бил пушен дома. Инцидентот се случил во Каарст, гратче со 12 километри оддалечен од Менхенгладбах, а полицијата уште трага по напаѓачот.

Боатенг е роден во Германија за чијашто репрезентација настапуваше во сите помлади категории, но во 2010 година е реши да настапува за Гана. За Шалке игра од оваа сезона, а пред тоа настапуваше за Милан, Порстмаут, Борусија Дортмунд, Тотенхем и Херта.

 

„Макфакс“