Репрезентативецот на Белгија, Кевин де Брујне, стави потпис на новиот договор со Манчестер Сити, продолжувајќи ја соработката со англискиот клуб до 2025 година.

Информацијата за продолжување на соработката не е спектакуларна, туку начинот на кој Де Брујне и Манчестер Сити преговарале. Белгиецот откри дека немал никаков агент, што е во тренд во модерниот фудбал, туку дека сам преговарал со претставниците од клубот. Според англиските медиуми, преговорите траеле два дена и двете страни нашле заеднички јазик.

Де Брујне во Манчестер Сити се пресели од Волфсбург во 2015 година и тогаш игра клучна фигура во англискиот клуб. Следна цел на „граѓаните“ е продолжувањето на договорите со Рахим Стерлинг и Габриел Жесус и „бетонирање“ на Фил Фоден.

Жером Боатенг заминува од „Алијанц“ арената

Сезонава ќе биде последна за Жером Боатенг во дресот на минхенски Баерн. Боатенг и „баварците“ ќе ја прекинат соработката и фудбалерот како слободен агент ќе го напушти клубот.

Дефанзивецот беше дел од сите големи успеси на „баварците“ последниве години, а се уште не се знае зошто заминува од клубот.

OhridNews