Во конкуренција од 16 дебитанти на годинешниот Канео-фест, кој викендов се одржа на сцената Долни Сарај во Охрид, бендот Боби & Rocky Road триумфирше на фестивалот, освојувајќи го престижното Гран При. Исто така, бендот беше награден и со 1-во место од публика.

Токму на овој фестивал, тие го претставија нивниот прв сингл Верувај ми ( текст: Боби Мојсоски, музика: Боби Мојсоски & Даниел Јовески, aранжман: Даниел Јовески) која беше снимена во Sustain Studio во Охрид.

Според реакциите и гласините, публиката одлично го прифати нашиот прв сингл Верувај ми и благодарение на нивната неизмерна подршка успеавме да бидеме победници на фестивалот за 2010 година. Песната конечно ќе биде овозможена за пошироката јавност и се надеваме на поголеми успеси – вели Боби Мојсоски, фронтменот на бендот.

OhridNews