Полуфиналните натпревари од најмасовното натпреварување започнуваат од нул. Без предност ќе стартуваат мечевите меѓу бранител на трофејот Тетекс против единствениот второлигаш Тиквеш, како и мечот во Кичево во кој Напредок го пречекува фаворизираниот тим на Металург.


– Пласманот во финалето од купот ќе биде повторување на успехот од 2003 година кога игравме во финалето. Посакувам повторно да се најдеме таму, имаме активен резултат и со мудра игра ќе стигнеме во Скопје. – вели стратегот на кичевци Драган Бочески.

 Натпреварите започнуваат во 16.30 минути.