Охридскиот фудбалски стратег Драган Бочески со екипата на Напредок од денеска во Кичево ги започнаа зимските подготовки за вториот дел од сезоната. По првата етапа кичевачани се вистински хит во Првата македонска фудбалска лига, “сините“ со 31 бод ја делат третата позиција со Металург и заостануваат седум бодови до лидерот на табелата Вардар.


– Имаме месец и половина добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Во првата фаза од подготовките ќе работиме еднаш неделно. Потоа ќе го кренеме темпото и ќе имаме по два тренинзи дневно. Последната фаза од подготовките ќе одвива во Охрид каде ќе одиграме неколку квалитетни пријателски натпревари – посочи Драган Бочески.

Од првата полусезона во кичевскиот состав ќе недостасуваат Марко Симоновски кој се врати во Металург и дефанзивецот Никанчевски, кој на печалба замина на далечниот исток.

Мх.П.