Во четирите контроли на кичевци противници им беа Силекс (1-0), Јавор (1-1), Охрид Лоте (1-2) и Ренова (0-1). Тренерот Драган Бочески во голема мера е задоволен од сработеното во изминатите денови, и покрај негативниот биланс во овие контроли.


– Со исклучок на првиот натпревар со Охрид, кој ни беше воедно прв меч по точно два месеца, на преостанатите дуели и покрај неспорниот квалитетот на нашите противници одигравме многу добро. Можеби звучи нескромно, но против најсилните ривали одигравме најдобро и покрај неповолните исходи, а тоа се ремито со Јавор и поразот со Ренова. Радува фактот што лесно создаваме шанси за гол, но загрижува уште недоволната ефикасност. На последните два натпревара создадовме голем број чисти шанси за гол, од кои барем половината требаше да бидат реализирани- – вели Бочески.


Во преостанатиот дел од подготовките, стратегот на кичевци вели дека ќе се работи на овој сегмент од играта.