Македонските фудбалски надежи до 19 години со покер голови во мрежата на Романија го добија првиот од двата пријателски натпревари во Охрид. “Црвено – жолтите“ брилираа на “Билјанини“ декласирајќи една од најреномираните светски фудбалски репрезентации со 4-1.
– Тешко беше да се игра на температура од 35 степени, меѓутоа момците одигра со желба и мотив и сосема заслужено победивме. По моето доаѓање на селектороската позиција овај меч беше најдобриот на оваа репрезентација., ако мојот оптимизам беше потаен на стартот на превземањето на репрезентацијата, сега тој оптимизам е уште поизразен дека може да направиме чекор напред во квалификациите – вели Бочески.
Квалификациите за ЕП кое се игра во Романија. ќе се играат од 1 до 6 октомври во Сараево. “Црвено – жолтите“ покрај со домаќинот репрезентацијата на БиХ, ќе играат уште против Чешка и Белорусија.
M.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com