Седма место со 21 бода, шест победи, три ремија и девет порази е ефектот на кичевскиот фудбалски прволигаш Напредок во есенскиот дел од сезоната.
Охриѓанецот на клупата Драган Бочески е делумно задоволен од постигнатото. – Можеме да бидеме задоволни од оствареното и покрај фактот што имавме многу проблеми, што се рефлектираа врз нашите игри и резултати во поголемиот дел од сезоната. Имаме два бода помалку од планираното, што значи дека сме на граница од нашата проекција пред стартот на сезоната – вели Бочески, тренерот на Напредок.
Стратегот на “ѓаолите“ причината за ваквото променливо издание го лоцира во серијата повреди на клучните фудбалери.
–
Ако не беа повредите на Анѓелески, Најдовски, Степановски, Пашовски, казната на Маркоски, повеќе од сигурно и нашата бодовна резерва ќе беше подобра. Имавме куса клупа. Немавме адекватни замени – завршува Бочески.
Од клубот не очекуваат големи потреси во играчкиот кадар за време на трансфер периодот.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com