Селекциите за фудбалери под 19 години на Македонија и Белорусија обезбедија пласман во “елитната“ рунда на неодомна одржаните предквалификациски мечеви во Сараево, БиХ. Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески ја победија Чешка, ремизираа со домаќинот Бих, а претпреа пораз од Белорусија, и со четири бода завршија како второпласирани во групата.


– Заслужено одиме понатаму. Не бевме надиграни во ниту еден момент од ниту една репрезентација. Последниот меч со БиХ беше клучен, и покрај тоа што имавме негатива, сметам дека ја имавме играта и нерешениот резултат во ниту еден момент не беше доведен во прашање. Уште по моето пристигнување на селекторската клупа бев оптимист, а сега по овие мечеви сум огромен оптимист дека можеме да направиме нешто повеќе. Верувам во овие фудбалери, во оваа генерација која заслужува целосен респект – истакна Бочески.

По комплетирањето на сите 13 групи, најдобрите две репрезентации како и двете најдобри трети репрезентации ќе се најдат во квалификациските групи. 28 – те репрезентации ќе бидат поделени во 7 групи по 4 тима, само првопласираните селекции ќе обезбедат пласман на ЕП 2011 година во Романија.


Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 30 октомври во Нион.

OhridNews