Напредок со идентичен резултат 2-1, триумфираше над директните конкуренти за опстанок во првата македонска фудбалска лига Охрид и Тетекс.


Успеавме да го совладаме Тетекс на домашен терен. Трите бода освоени на овој меч  не оддалечуваат од местата кои водат во втората лига и бараж средбата. Натпреварот беше идентичен како оној со Охрид, постигнавме гол во двете полувремиња, примивме гол и остануваме со фудбалер помалку. Но на крајот само победите и бодовите се паметат – потенцираше Бочески.

Избраниците на охриѓанецот Драган Бочески, веќе во наредната 28 рунда имаа тешко гостување кај последниот конкурент за опстанок Хоризонт Турново.

Мх.П.