– Подготовките во Охрид беа полн погодок, тука условите се прекрасни. На подготовките во Охрид поработивме на тактичкиот дел затоа одигравме три мечеви и забележавме добри резултати. Во Кичево ќе ја одработиме последната фаза од подготовките и ќе ги остраниме сите грешки, а ќе ги надополниме недостатоците – потенцираше Бочески.
Полусезоната во Првата македонска фудбалска лига, Напредок ја заврши во четвртата позиција, а целта во преостанатиот дел од сезоната е завршување на што повисока позиција на табелата.
– Како што со редеа успесите така растеа и амбициите, целта во втората полусезона ни е што повисок пласман на табелата. Сезоната е долга, пред нас престојат вистински предизвици, но ние сме спремни да одговориме на нив – заврши Бочески.
Пролетниот дел од сезоната Напредок го започнува со дуел на гостински терен против штипска Брегалница.