– Честитки за актерите на мечот, а посебно за моите фудбалери. Со оваа победа над Охрид во голема мера го обезбедивме опстанок во првата македонска фудбалска лига. Кога сеуште беше активен резултат, останавме со фудбалер помалку но постигнавме погодок и ја заверивме победата. Во наредното коло на домашен терен го пречекуваме Тетекс, и со победа на тој меч дефинитивно ќе го решиме опстанокот – потенцираше Бочески.
Прволигашкиот статус кичевци можат да го осигураат уште во наредната рунда, на домашен терен го пречекуваат Тетекс.