– Се надевам на трета среќа во изборот за најдобар тренер – рече охриѓанецот Драган Бочески по номинацијата за најдобар тренер во Македонија и додаде – Ги ценам моите против кандидати Илчо Ѓоргиоски и Влатко Костов. Кој и да го добие признанието нема да биде незаслужено.


Екипата на Напредок која ја предводи охридскиот тренер Бочески е хит на полусезоната во Првата македонска фудбалска лига. Првата етапа кичевчани ја минаа на третата позиција. Покрај тоа Бочески е еден од тренерите со најголем сташ во елитното друштво.


– Никој од моменталните тренери на екипите во Првата лига нема сташ на клупата колку што имам јас. Во 2010 година бев најблиску до победата во изборот за најдобар тренер, тогаш победи Костов и тоа веќе минато. Како што напоменав се надевам на трета среќа – заврши Бочески.

Конкурентинте за најдобар тренер Илчо Ѓоргиоски минатата сезона го одведе Вардар до петтта титула во историјата додеке Влатко Костов донесе златен медал од Купот на Македонија за Ренова.

Мх.П.