– Ги договорив сите услови и ја преземам палката во битолскиот клуб. Поминав одличен период во Напредок од таму имам само позитивни в печатоци, а пред сега престои нов предизвик, кој го прифаќам со отворени раце – рече Бочески.
Во времето кога Бочески настапуваше за битолскиот прволигаш тренер беше Ѓоко Хаџиевски, а тогаш охриѓанецот беше предводник на тимот. Од многуте натпревари кои ги одиграл Бочески во „зелено белиот“ дрес не може да одреди еден на кој ќе се сеќава и ќе го памети.
– Најдобрите фудбалски денови во мојата кариера ги минав во Пелистер. Со фудбалерите кои играв тогаш сеуште се сеќаваме на тие прекрасни моменти. Неможам да одредам еден натпревар, кој можам да кажам дека ми е најдраг. Натпреварите на домашен терен секогаш ги игравме пред полн стадион, се надевам и верувам во битолски навивачи дека така ќе биде сега и мечевите „Под Тумбе Кафе“ ќе бидат празник за фудбалот во Битола – потенцираше Бочески.
Охриѓанецот, кој неколку години е во потесниот избор за најдобар тренер во Македонија веднаш се фати за работа и почна да ги „пикира“ фудбалерите кои ќе ја засилат екипата.
– Имаме неколку фудбалери со кои ќе започнеме преговори околу трансфер во Пелистер. Голем дел од фудбалерите доаѓаат од Напредок каде поминав доста долг период како тренер – заврши Бочески.