– Првиот дел беше изедначен, а погодокот во мрежата на Охрид во вториот дел ни даде долнителен елан за игра. Потоа доминиравме на теренот, а следуваа вториот гол и третиот што го одговори, прашањето околу победникот – рече Бочески.
Поранешниот фудбалер на Охрид, Бочески долги години беше незаменлива алка во нападот на “рибарите“. Работата во фудбалот е таква, што сакаше првата победа Напредок во пролетниот дел да ја забележи над Охрид.
– Долги години сум тренер на Напредок, ние сме професионалци и си ја работиме својата работа. Сеуште сакам и верувам во опстанок на “моите“ екипи Охрид и Напредок – заврши Бочески.
Во првото коло од третата третина Напредок ќе го започне со гостувањето кај “лутиот“ ривал Металург.