– Мечот беше доста тежок. Двете екипи ја посакуваа победата од овој меч. Ние направивме се да постигнеме погодок и успеавме да прокнижиме три драгоцени бодови. Натпреварот против битолчани го одигравме некомплетни, но сепак фудбалерите кои добија прилика максимално ја искористија – потенцираше Драган Бочески.
До крајот на есенскиот дел од првенството Напредок го очекуваат дерби пресметки со Шкендија и Брегалница на гостински терен односно Металург и Работнички на градскиот стадион во Кичево.