Екипата на Пелистер заедно со новиот тренер Драган Бочески следниве десет дена ќе ги помине на подготовки во Бугарија.

Охридскиот фудбалски стратег во источниот сосед ќе ги одработи вторите подготовки, а на експедицијата им се приклучија новите фудбалери кои го засилија битолскиот прволигаш.

Пелистер ќе одигра пет пријателски средби по што охриѓанецот на „зелено белата“ клупа потполно ќе го дефинира составот за следната сезона.

Мх.П.