Реми и пораз за македонските фудбалски надежи во двомечот против соодветната репрезентација на Полска. По првиот меч кој заврши без голови 0-0, во втората тест средба убедлив пораз со 2-0. Стрелци на погодоците беа  Вцотек во првиот и Мрозински во вториот дел.


–    Одигравме две добри тест средби. Во вториот натпревар бевме ослабени поради не играњето на неколку стандардни репрезентативци кои беа ослободени поради обврските кон своите клубови. Заслужено бевме поразени од селекцијата на Полска која се покажа во одлично издание. До стартот на квалификациите има месец дена, досега за време на собирите игравме само мечеви, додека пред патот во Турција ќе имаме и десетдневни подготовки каде ќе пробаме да уиграме некои тактики комбинаци – истакна селекторот Бочески.


Наспроти првиот меч одигран во вторникот во кој и со играч помалце бевме рамноправни на тереноот, на втората средба полјаците доминираа во текот на целиот натпревар. Избраниците на Драган Бочески беа во подредена улога, покрај можноста на капитенот Ристевски чиј што удар заврши покрај голот, најблсику до погодок беше Мицевски кој со удар од далечина ја погоди гредата.


–    Толку е силата. Ние се обидовме да парираме и во вториот меч, но наидовме на мошне силен противник. Задоволен сум од третманот на ФФМ кон оваа селекцијаа, бидејќи секој месец одигруваме тест средби преку кои може да видиме кој е нашиот квалитет. Сметам дека сме добро подготвени за квалификациите во Турција, и дека покрај тоа што се наоѓаме во тешка група може да изненадиме некого – потенцираше капитенот Стефан Ристевски, кој во финишот на шампионатот очекува деби во дресот на Парма во најсилната конкуренција во Италија.


Генералната проба надежната у19 селекција ќе ја имаа во Фиренца против соодветната селекција на Италија на 19 мај.

М.П.